Македонецот од крузерот има блага форма на коронавирус, но е префрлен во болница во Јокохама

249

Македонскиот државјанин кај кого е потврдено дека е заразен со коронавирус има блага форма на заболувањето, а е префрлен во болница во градот во Јокохама. Тој е еден од тројцата наши граѓани на бродот „Дајмонд принцес”, закотвен во пристаништето во Јокохама – изјави денеска д-р Гордана Кузмановска, раководителка на одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје.

Таа потврди дека за нашите граѓани кои се на бродот во пристаништето во Јокохама, лекарите од Институтот се редовно информирани од нивните колеги од Јапонија.

– На секои два дена тие редовно не известуваат за нивната здравствена состојба и има  ли промени – дали се позитивни или негативни во статусот. Еден од нив е со позитивен тест на коронавирусот. Станува збор за блага форма, но сепак, нашиот граѓанин е префрлен на лекување во болница во Јокохама – додаде д-р Кузмановска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...