Маж со прострелна рана во главата пронајден во Маџари

2019
Фото: МВР

Маж на 34 години утрово бил пронајден мртов со прострелна рана во главата. Телото било пронајдено во скопската населба Маџари, под трибините на стадионот „Борис Трајковски“. Случајот во МВР бил пријавен во 10.33 часот.

Лицето е идентификувано, а смртта ја констатирал доктор од итната медицинска помош.

Покрај телото бил пронајден пиштол. МВР чека да заврши увидот за конечно да се утврди дали се работи за убиство или самоубиство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...