Непознат маж, на околу 50-годишна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, јавуваат српските медиуми.
Човекот со огнено оружје си пукал во пределот на устата, по што починал на лице место.
Полицијата во моментов врши увид на местото на инцидентот и ги утврдува околностите за овој настан.