Маж се бори за живот, сообраќајка го затвори патот Кочани-Делчево

Сообраќајот во моментов на магистраланиот пат Кочани-Делчево кој води кон граничниот премин со Бугарија е затворен за сообраќај во двете страни. 

975
20151109 Monday 1141 klinicki centar drzavna bolnica incident povreden doktor zastrelan policija bolnica

Тешка сообраќајна несреќа, во која е повредено едно машко лице се случи попладнево на магистралниот пат Кочани-Делчево во близина на браната Калиманци.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека сѐ уште не е утврден идентитетот на лицето.

Несреќата се случила во 15:50 часот меѓу тешко товарно возило „мерцедес“ со бугарски регистарски таблички и автомобил марка „опел“ без регистарски таблички.

Во несреќата тешко е повредн возачот од автомобилот кој веднаш е пренесен во кочанската Опшата болница, но како што информира Панајтова, пради серозноста на повредите, лицето е транспортирано на клиниките во комплесот „Мајка Тереза“ во Скопје каде што лекарите се борат за неговиот живот.

Увидот на местото прават полициските службеници и јавен обвинител, а сообраќајот во моментов на магистраланиот пат Кочани-Делчево кој води кон граничниот премин со Бугарија е затворен за сообраќај во двете страни.

По завршувањето на увидот се очекува сообраќајот да се нормализира.

Возилата коишто патуваат кон Македонска Каменица и Делчево се пренасочуваат кон патните правци од Виница Бигла и Виница-Берово-Пехчево-Делчево граничен премин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...