Четириесет и петгодишен маж од Прилеп, со иницијали Р.Д. вчера бил пронајден мртов во ватомобил, во атарот на село Беловодица.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа екипа од Полициската станица Прилеп.
Од МВР соопштија дека телото на починатиот било предадено за обдукција и се работи на расчистување на случајот.