Маж од Подгорица си ја продал 12-годишната ќерка во странство за 5.000 евра

442

Црногорската полиција денеска соопштила оти поднела кривична пријава против 40-годишник од Подгорица, поради сомнение дека извршил кривично дело тргување со луѓе, односно дека ја продал својата ќерка.

Постоеле сомнежи дека тој во 2017 година договорил и организирал превоз од Црна Гора за својата ќерка, која тогаш имала 12 години. Земјата во која заминала не се соопштува.

Осомничениот наводно земал 5.000 евра. Тој сега се наоѓал во затвор поради извршување на друго кривично дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...