Маж на возраст од 67 години вчера во Кичево силувал 14 годишна девојка. Половиот напад се случил во попладневните часови во дел од градот каде има помало движење на луѓе. Настанот го забележал случаен минувач кој веднаш пријавил во МВР, а за кратко време напаѓачот бил приведен.
Обвинителството му поднесе кривична пријава за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, дело за кое најмалата затворска казна е 12 години, и побара од судот да му одреди мерка притвор.
Покрај овој случај, обид за силување бил регистриран и во Битола каде петнаесетгодишно девојче, во присуство на нејзината мајка, синоќа во СВР Битола во присуство пријавило дека Ѓ.Б. (46) од Битола, кој бил нивен подалечен роднина, се обидел да изврши други полови дејствија врз неа.
Според пријавата, Ѓ.Б. вчера околу 14:30 часот тој дошол во нивниот дом и ја повикал да појде со него да и купи тренерки. Тргнале со такси возило кон Прилеп, но по кратко време излегле од возилото и продолжиле пеш. Кога застанале да одморат тој почнал да ја соблекува и да ја допира по телото, но таа го оттурнала и побегнала до главниот пат. Возило кое поминувало ја однело во нејзиниот дом, по што го пријавила настанот, наведува Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен.