Сопатник загинал, а возачот бил полесно повреден во сообраќајна несреќа што вчера се случила на автопатот Скопје-Велес. Според полицијата животот го загубил А.М.(46) од штипското село Облешево.
Сообраќајната несреќа се случила во 12.30 часот. Возачот К.М.( 33) од селото Облешево управувајќи автомобил „фиат пунто“ со бугарски национални ознаки изгубил контрола над возилото и се превртел.
Од ударот на местото на настанот починал сопатникот, а возачот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Велес, каде му биле констатирани телесни повреди и бил препратен на лекување во болницата Штип.