Мажот од Мала Речица ќе одговара за убиство на сопругата

135

Кривична пријава е покрената против мажот од Мала Речица, кој е осомничен за убиство на неговата сопруга.

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против 53-годишниот А.К. поради основи на сомнение дека сторил три кривични дела: „убиство“ , „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Инцидентот се случил завчера во периодот меѓу 22 и 23 часот во Мала Речица.

Осомничениот А.К. со пиштол што го поседувал без дозвола ја убил неговата сопруга Х.К.(52) и се обидел да го убие Р.Џ. (50) од Мала Речица.

Педесет и тригодишниот А.К. денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...