Маестро Џамбазов компонира, спремете се за аудиција за мјузикл

285

Театарот за деца и младинци почнува подготовки за првиот македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, музика за деца компонирана од Александар Џамбазов и во режија на Виолета Џолева.

Музички продуцент е Александар Митевски, кореограф е Кренаре Невзати, драматург на мјузиклот Маја Стефановиќ, а Дамир Имери е музички аранжер.

Во мјузиклот ќе учествуваат деца на возраст помеѓу 9 и 13 години, кои умеат да пеат и имаат актерски талент. За таа цел ќе се организира аудиција на 21-ви, 22-ти и 23 септември во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...