Мадуро: Ќе го победам споулавеното малцинство

174
ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро синоќа изјави дека ќе го победи „споулавеното малцинство“ кое сака да ја дестабилизира државата.

За време на церемонијата по повод шестгодишнината од смртта на поранешниот претседател Уго Чавез, Мадуро ги повика сите негови приврзаници да се придружат на „анти-империјалистичките“ демонстрации, кои ќе се одржат напоредно со опозицискиот протест на 9 март.

Лидерот на опозицијата и самопрогласен претседател Хуан Гуаидо претходно рече дека преговара со синдикатите за со штрајкови да се парализира јавниот сектор.

Гуаидо, кого најголемиот дел од западните демократии го признаа за привремен претседател на Венецуела, во понеделникот се врати во Каракас без проблеми, иако имаше стравување дека ќе биде уапсен што се врати во земјата.

ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...