Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави победа синоќа во „електричната војна” предизвикана спроед него, од Пентагон. Тој додаде дека формирал „претседателска истражна комисија” за да побара помош од Русија, Кина и Иран.
– Објавувам победа во електричната војна – рече Мадуро на министерскиот состанок пренесуван во живо на државната телевизија.
Снабдувањето со струја е речиси целосно обновено во Каракас и во повеќето држави, според владата, но не и во провинциите.
Од почетокот на кризата, Мадуро ги обвини САД и опозицијата дека извршиле „кибер-напад” против главната централа.
– Имаме докази дека кибер нападот е управуван од Хјустон и Чикаго во САД по наредба од Пентагон – рече Мадуро.
– Ќе побарам помош од ОН, Кина, Русија, Иран и Куба – земји со големо искуство во спречување кибер-напади. Ние ќе откриеме каков беше нападот, кој го сторил тоа и за каква цел – додаде Мадуро.
ФОТО: EPA / MIRAFLORES PRESS / HANDOUT