Мадуро не прима странска хуманитарна помош, не сакал евтино шоу!

Мадуро оцени дека во Венецуела „нема хумaнитрана криза“ и дека испраќањето „помош спонзорирана од САД“ претставува обид да се направи „евтино шоу и да се опрвада државниот преврат“ во Венецуела.

250
ФОТО: EPA / MIRAFLORES PRESS / HANDOUT

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, чии легитимитет е доведен во прашање по одлуката на повеќе земји да го признаат спикерот на Националното собрание, Хуан Гуаидо за привремен шеф на државата, денеска и нареди на армијата да не дозволи влез во земјата на хуманитарна помош од странство.

Мадуро оцени дека во Венецуела „нема хумaнитрана криза“ и дека испраќањето „помош спонзорирана од САД“ претставува обид да се направи „евтино шоу и да се опрвада државниот преврат“ во Венецуела.

Поради одлуката на Мадуро, камионите што превезуваат храна, лекови и друга помош, стојат блокирани на границата меѓу Колумбија и Венецуела, кај колумбискиот град Кукута.

Според Мадуро, најдобро би било таа хуманитрана помош „да им се подели на сиромашните колумбиски граѓани“.

– Ако сакате да помогнете, ослободете ги парите на нашата земја што ги блокиравте. Ги украдовте парите, сега ни нудите тоалет хартија – изјави Мадуро на прес-конференција во Каракас.

Американскиот Стејт Департмент, кој ја обезбеди хуманитраната помош за Венецуела, во меѓувреме, ги повика венецуелските безбедносни сили да им дозволат на камионите да влезат во земјата.

Шесте камион со хуманитрана помош уште вчера пристигнаа во Кукута, но не им беше дозволено да влезат во Венцуела.

Колумбиската телевизија Ере-Це-Ене во средата јави дека венецуелските власти со цистерна и бродски контејнери го блокирале мостот „Тиендитас“ на границата со Колумбија нај Кукута, во обид да спречат влез на хуманитрана помош во земјата.

По објавувањето на оваа вест, на Твитер се огласи американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој го обвини Мадуро дека „ја блокира хуманитраната помош со камиони и бродски контејнери“.

„На венецуелскиот народ очајно му е потребна хуманитрана помош. САД и други земји се обидуваат да помогнат, но венецуелската војска по наредба на Мадуро ја блокираше помошта со камиони и бродски контејнери. Режимот на Мадуро мора да дозволи помошта да стигне до гласниот народ“, објави Помпео на Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...