Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека негови претставници наскоро би можеле да се вратат на преговорите со опозицијата, кои беа прекинати на почетокот од месецов.
Мадуро рече дека „добри вести“ во врска со преговорите кои ги организираше Норвешка, би можеле да стигнат во наредните неколку дена.
Тој ги прекина преговорите на почетокот од месецов откако администрацијата на Трамп воведе нови санкции против Каракас.