Мадуро: Коронавирусот е измислен како биолошко оружје против Кина

365
ФОТО: EPA / MIRAFLORES PRESS / HANDOUT

Венецуелскиот претседател Никоас Мадуро верува дека коронавирусот е направен како биолошко оружје против Кина, соопшти денеска венецуелското Министерство за надворешни работи.

– Глобалната анализа покажува дека коорнавирусот може да биде сој, што е создаден за водење биолошка војна против Кина. Сето тоа покажува дека е крајно време тоа јавно да се соопшти, да се крене узбуна за да се спречи употребата на коорнавирусот против Кина и други земји – рече Мадуро, пренесен од руските медиуми.

Вирусот кон крајот на 2019 година се појави во кинескиот град Вухан, економски и индустриски центар на провинцијата Хубеи, во кој живеат околу 11 милиони жители.

Според најновите податоци, од коронавирусот досега починале 2.924 лица, а 85.200 се заразени ширум светот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...