Мадуро им нареди на Венецуелките: Секоја жена да роди по шест деца!

329
ФОТО: EPA / MIRAFLORES PRESS / HANDOUT

Николас Мадуро, претседател на Венецуела, на настанот за промоција на планот за здравјето на жените во вторникот порача: „Раѓајте! Секоја жена да има шест деца! Секоја! За доброто на земјата!“

Земјата се справува со економска криза и тоа тешко ѝ оди. Централната банка на Венецуела соопшти дека инфлацијата достигнала речиси 10.000 проценти минатата година и дека има недостатоци од основни прехранбени производи до медицински материјали.

Кризата предизвика околу 4,5 милиони Венецуелци да избегаат.

Групите за права на жените беа многу налутени. „Авеса“, со седиште во Каракас, ги нарече коментарите на Мадуро „неприфатливи“, додавајќи дека „ние жените сме многу повеќе од утроба, ние сме граѓани со права“.

ФОТО: EPA / MIRAFLORES PRESS / HANDOUT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...