Мадуро затвори гранични премини

Венецуелската потпретседателка Делси Родригез на Твитер објави дека привремено се затворени три премини на границата со Колумбија, поради „сериозни и нелегални закани по мирот и суврениетот на Венецуела“, што доаѓаат од клумбиската Влада.

117

Владата лојална на венецуелскиот претседател Николас Мадуро нареди делумно затворање на границите на Венецуела, само неколку часа пред почетокот на реализацијата на американскиот план за влез во земјата на камиони со хуманитрана помош.

Венецуелската потпретседателка Делси Родригез на Твитер објави дека привремено се затворени три премини на границата со Колумбија, поради „сериозни и нелегални закани по мирот и суврениетот на Венецуела“, што доаѓаат од клумбиската Влада.

САД, кои за легитимен претседател на Венецуела го признаваат Хуан Гуаидо, најавија дека денеска преку сега затворените премини планираат во Венецуела да внесат повеќе тони хуманитарна помош и лекови.

Властите на Венецуела ја одбиваат оваа пратка, најавувајќи дека за следните денови очекуваат да пристигне хуманитрана помош од Русија, која за легиитмен претседател на државата го признава Мадуро.

Мадуро лани беше реизбран за претседател на Венецуела на избори бојкотирани од опозицијата, чии легитимитет го оспорија повеќе западни земји. По истекот на претходниот мандат на Мадуро, Гуаидо во својство на претседател на Националното собрание се прогласи за привремен шеф на државата, до одржување на нови слободни претседателски избори.

САД и над 50 земји, меѓу кои и повеќето членки на ЕУ, го признаа Гуаидо за легитимен привремен претседател, додека зад Мадуро застанаа Русија, Кина, Иран, Турција, Куба и уште неколку други држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...