Кралицата на поп-музиката Мадона го урна рекордот во музичката индустрија, со продажбата на билетите за нејзината турнеја „Мадам Икс“, по рекордни цени од 750 долари.
Мадона секогаш успева да им докаже на светот и публиката дека дека нејзиниот „рок на траење“ никогаш не одминува и дека секогаш ќе биде актуелна на музичката сцена.
Билетите за нејзината турнеја „Мадам Икс“ постигнуваат просечни цени и по 310 долари, иако на почетокот ѝ предвидуваа дебакл.
Досега најскапи влезници продале Бијонсе и Џеј Зи, со просечна цена од по 270 долари од билет. Распонот на цени за билетите на настапите на Мадона е помеѓу 50 и 750 долари. Ова е апсолутен рекорд во музичката индустрија.