Поп-ѕвездата Мадона го исполни ветувањето и се појави во слободниот дел од програмата на Евровизија 2019. Таа им посака среќа на сите евровизиски претставници.
– Прво сакам да кажам дека сите сте победници. А, причината е тоа што сите требаше да сонувате, да се жртвувате и затоа за мене сите сте на врвот. Овде сме собрани од целиот свет. Толку многу земји, а јас сум почестена што со сите овие држави ме спои музиката. Не ја потценувајте моќта на музиката – рече Мадона.
Мадона имаше спектакуларен настап. Изведе две песни на сцената и ја отпеа песната „Како молитва“ и настапи со раперот Куаво.
Мадона со настапот на Евровизија ја најави и нејзината претстојна турнеја и новиот албум „Мадам Икс“ со премиерното изведување на синглот „Иднина“.