Таа беше некарактеристично отсутна од овогодинашната Мет Гала.
Мадона решила да биде незабележлива и во вторникот, кога 60-годишната музичка суперѕвезда го напуштала њујоршкиот аеродром ЏФК, покриена со бурка.
Додека чекорела низ аеродромот, ја покрила главата со црна марама, врз која ставила очила за сонце.
Очигледно намерата на Мадона била да помине незабележано, но во тоа не успеала.
Фотографите успеале да ја снимат музичката ѕвезда како се шета низ њујоршкиот меѓународен аеродром.
Мадона била облечена во црна тренерка и црна голема јакна преку тренерката, и со сандали на нозете.
Но, кога пристигнала до безбедносниот контролен пункт, Мадона се соблекла и поминала низ скенерите во обична сива маичка.