Товарен авион со 30 тони опрема, 70 скали и лифт за настапот на Мадона на финалето во Тел Авив пристигна во Израел.
Се очекува Мадона да изведи песната „Like a prayer“ и новата песна „Future“.
Раперот Кову, хор од 40 лица, 25 танчери и десетици корегорафи ја придружуваат Мадона за настапот во сабота.
Претходно објавивме оти таа ја имаше првата проба, без потпишан договор, но од денеска веќе нејзиниот настап стана и официјален, објави „Ерусалим пост”, коj додаде дека Мадона за својот настап од 20 минути ќе ја чини „Евровизија“ 1,5 милиони долари.
Според странските медиуми, Мадона со приватен авион слетала на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ и се сместила во хотелот „Дан“, каде со тимот го „окупирале“ целиот петти кат.
ФОТО: EPA / STRINGER