Мадона потпиша: Ќе пее на финалето на Евровизија за 1,5 милиони долари

409
ФОТО: EPA / JASON SZENES

Светската ѕвезда Мадона го потпиша договорот за настап на финалната вечер на Еворовизија во Тел Авив. Таа ќе пее во сабота на 18 мај, обjави израелскиот телевизиски канал „КАН“.

Вчера таа ја имаше првата проба, без потпишан договор, но од денеска веќе нејзиниот настап стана и официјален, објави „Ерусалим пост”, коj додаде дека Мадона за својот настап од 20 минути ќе ја чини „Евровизија“ 1,5 милиони долари.

Според странските медиуми, Мадона со приватен авион слетала на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ и се сместила во хотелот „Дан“, каде со тимот го „окупирале“ целиот петти кат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...