Кралицата на поп музиката Мадона добила понуда да пее на венчавката на кинески милијардер во Шангај за неверојатен износ.
Милијардерот е подготвен за настапот на Мадона да плати 3 милиони долари, пренесува американскиот портал „ТМЗ“.
Од неа се очекува на венчавката да се појави во вечерните часови и да одржи шоу од час и половина, а младенците ќе имаат прилика да ја состават листата на саканите хитови.
Менаџерите на Мадона ја оставиле оваа понуда отворена додека таа самата не одлучи дали ќе ја прифати или не.