Мадона го откажа првиот концерт во Лондон

934
ФОТО: EPA / JASON SZENES

Мадона го откажа првиот од 15 – те закажани концерти во Лондон, што требаше да се одржи утре.

Фановите вчера биле известени за откажување на концертот со пораки, и им е понуден поврат на парите за билети, соопшти Ticketmaster.

Концертот требаше да се одржи во лондонскиот Паладиум, 100-годишен театар, со 2.300 места.

Следниот концерт ќе се одржи во истиот театар во среда, според веб-страницата на лондонскиот Паладиум.

Концертите на Мадона ќе се одржуваат во Лондон до 16 февруари.

60-годишната „кралица на поп музиката“ ги откажа концертите во Лисабон минатата недела, по што напиша на Инстаграм дека „мора да го слуша своето тело и да се одмори“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...