Мадона во врска со 36 години помлад танчар

На објавените фотографии, новото момче на Мадон не ги тргнува рацете од колковите на пејачката, додека нежно ја масирал во еден момент.

4371

Поп кралицата Мадона, која го прослави 61-от роденден оваа година, последните неколку месеци сè почесто е забележена во друштво на нејзиниот помлад танчар, 26-годишниот Ахламалик Вилијамс, кој е само три години постар од нејзината ќерка Лурдес.

Иако за нивната врска само се шпекулираше досега, се чини дека нивните заеднички фотографии направени на балконот на луксузен хотел во Мајами, на кои разменуваат нежности и се прегрнуваат, додека друштво им прават Лурдес и нејзиното ново момче, ја потврдуваат таа вест.

На објавените фотографии, новото момче на Мадон не ги тргнува рацете од колковите на пејачката, додека нежно ја масирал во еден момент. Двојката пристигнала во Мајами со приватен авион, каде што папараците исто така ги „уловиле“ на аеродромот заедно.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...