Магла ја намали видливоста на патот Куманово – Страцин и на превоите Стража, Ѓавато и Купа

71

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Куманово – Страцин, од 100 -150 метри, на планинскиот превој Стража и до 100 метри на планинските превои Ѓавато и Кула.

Како што соопштија од ЈП Македонијапат, сообраќајот на патиштата ноз државата се одвива тековно по претежно влажни коловози.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...