Магла на Стража, попладне врнежи од дожд

103
20151224 Thursday magla skopje zagadeno zagadenost zagaden vozduh pm chestici chestichki smog

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, а намалена видливост поради појава на магла од 100 – 120 метри има на планинскиот превој Стража – информира ЈП Македонијапат.

Апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот и посочуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци.

Од АМСМ, пак, порачуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

-Под влијание на потопол влажен бран од денеска кон крајот на денот, најпрво во западните, а потоа и во останатите делови од земјава ќе има врнежи од дожд. Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови каде ќе наврнат над 40 литри на квадратен метар. В среда пообилни врнежи од дожд се очекуваат во источните делови од земјава, каде локално ќе бидат поројни – информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...