Магла на патот Тетово – Попова Шапка, видливост до 10 метри

60

Поради густа магла на патот Тетово – Попова Шапка видливоста е до 10 метри, информира ЈП Македонија пат.

Намалена видливост од 30 до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Буково и од крак Маврово до Бунец, а видливост до 50 метри има од крак Маврово до Кичево.

Сообраќајот на  државните  патишта се одвива тековно по влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...