Магла на патот Дебар – Струга, видливоста е од 20 до 30 метри

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен и се одвива по наместа влажни коловози.

58
20151224 Thursday magla skopje zagadeno zagadenost zagaden vozduh pm chestici chestichki smog

Поради појава на магла од 100 до 150 метри намалена видливост има на патниот правец Велес – Штип, до 100 метри на патниот правец Тетово – Скопје, од 20 до 30 метри на патниот правец Дебар – Струга, до 50 метри на патниот правец Куманово – Свето Николе, до 50 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 100 метри на планинскиот превој Плетвар, информираат од АМСМ.

Оттаму посочуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен и се одвива по наместа влажни коловози. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...