МАГИЈАТА НА ФОТОГРАФИЈАТА Пет лидери објавија слики од ист состанок и покажаа кој е „главен“

Петмина лидери објави фотографија од истиот состанок, но од различен агол. Според тоа, ако се погледне историската фотографија што ја објавија на официјалниот профил на Инстаграм на Меркел, може да се види дека таа доминира, ако се погледне фотографијата што ја објави ПР-тимот на Трамп се добива впечаток дека тој е доминантен итн.

6124

На самитот кој помина во тензична и хаотична атмосфера, имаше многу шпекулации дали лидерите ќе можат да се договорат за да излезат со заедничко соопштенија имајќи ги предвид разликите во однос на трговијата и политиките за климатските промени.

Дел од несогласувањата излегоа во јавноста. Меѓу нив и тоа што Трамп го напушти состанокот, потоа излезе заедничко соопштение за кое канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека сите се потпишаа на него, па претседателот на САД на Твитер напиша дека Трудо лаже итн.

Разликите и тоа кој како си ја сфатил улогата на самитот ја покажаа секој од лидерите или нивните лични фотографи преку објавување фотографии на социјалните мрежи.

Петмина лидери објавија фотографија од истиот состанок, но од различен агол. Според тоа, ако се погледне историската фотографија што ја објавија на официјалниот профил на Инстаграм на Меркел, може да се види дека таа доминира, ако се погледне фотографијата што ја објави ПР-тимот на Трамп се добива впечаток дека тој е доминантен итн.

Авторот на фотографијата на канцеларката е официјалниот фотограф на нејзиниот кабинет, Јеско Дензе, кој успеал да ја фати Ангела Меркел како стои над американскиот претседател кој седи со скрстени раце. Исто така, на масата се и францускиот претседател Емануел Макрон и британската премиерка Тереза Мај.

Првиот човек на Доналд Трамп задолжен за социјални медиуми, Дан Скивино Џуниор, од истиот состанок објави фотографија на Твитер, но од друг агол, на која тој седи опкружен со другите лидери. Впечатокот е дека тој е главниот во просторијата.


Тие не се единствените. Да, од истиот состанок осамна фотографија и од Твитер профилот на францускиот претседател Емануел Макрон. Нормално, на неа тој е во доминантна улога.

„По долгиот ден на работа и многу дијалог, активно бараме амбициозен договор“, пишува на фотографијата.


Оваа листа продолжува со новиот италијански премиер Џузепе Конте, од чиј профил неговиот ПР тим напиша: „Втор ден на Г-7 во Канада каде продолжувам да ги застапувам и бранам италијанските интереси“.


И да не бидат надминти, со фотографии се пофалија и од тимот на канадскиот премиер Џастин Трудо. Фотографиите ги објави неговиот официјален фотограф Адам Скоти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...