Мавале со шише и боксови по тактсист кој не им дозволил да пушат во кола

203

Такси возач од Скопје вчера на „Партизанска“ бил нападнат со боксови по глава, а добил и удар со шише од двајца патници откако не им дозволил да запалат цигара во автомобилот. Напаѓачите побегнале, а на таксистот му била укажана лекарска помош.

Како што е наведено во полицискиот билтен, во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ч.И.(40) од Скопје-такси возач, пријавил дека вчера околу 1:20 часот на бул. „Партизански Одреди“ во патничко возило бил физички нападнат од две непознати лица. Двете лица се качиле во такси возилото и сакале да запалат цигара, но тој не им дозволил. Откако стигнале до булеварот „Партизански Одреди“ едно од лицата почнало да го удира по глава, а другото лице со стаклено шише го удрилo во пределот на главата, по што и двајцата побегнале. На Ч.И. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...