ЛШ: Вардар и Металург ги добија противниците во групната фаза

„Црвено-црните“ се најдоа во потешката група „А“ .

158

Македонскиот шампион Вардар и екипата на Металург ги добија противниците за групната фаза во ракометната Лига на шампиони за сезоната 2018/2019.

„Црвено-црните“ се најдоа во потешката група „А“ заедно со Киелце (Полска), Барселона (Шпанија), Мешков Брест (Белорусија), Веспрем (Унгарија), актуелниот шампион Монпелие (Франција), Кристијанштад (Шведска) и Рајн Некар Левен (Германија).

Во групата „Б“ се тимовите на ПСЖ, ПИК Сегед, Мотор Запорожје, Флензбург, Скјерн, Загреб, Нант, Целје Пивоварна Лашко.

Тимот од Автокоманда, пак, се најде во групата „Ц“, која е со послаб квалитет, а во неа се најдоа Силкеборг (Данска), Спортинг Лисабон (Португалија), Бешикташ (Турција), Чековски Медведи (Русија), Татран Прешов (Словачка).

Во групата „Д“ ќе настапат Висла Плок, Адемар Леон, Елверум, Вакер Тун, Динамо Букурешт и Кокс.

Првите натпревари ќе се играат од 12 до 16 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...