Нови проблеми за Северина: Судијката која ѝ го одзеде старателството ја тужи пејачката

Борбата за старателството над синот Александар со поранешниот партнер Милан Поповиќ, не ѝ е единствениот судски процес.

1879

Нема крај на судските процеси во кои е вклучена хрватската пејачка Северина Којиќ. Борбата за старателството над синот Александар со поранешниот партнер Милан Поповиќ, не ѝ е единствениот судски процес.

Судијката Луција Ласиќ ја тужи хрватската пејачка Северина Којиќ поради навредите кои пејачката ги изнела на нејзина сметка.

Според пишувањата на хрватските медиуми, поради изјавата која Северина ја дала на прес-конференција воочи својата регионална турнеја „The Magic Tour“
во октомври 2019 година, судијката решила да покрене тужба против пејачката за навреда на честа.

Исто така, барала и дополнителна оштета во износ од 3.000 евра.

Инаку, Луција е судијката која ѝ го одзеде старателството на Северина над синот Александар и му го додели на српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.
Северина неодамна во фокусот на јавноста заврши и поради наводното раскинување на соработката со менаџерот Ален Кључ, но таа набрзо тоа го демантираше.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...