Луѓето се најсреќни на 70 години

Најмалку среќни, пак, се луѓето на средна возраст, кај кои стресот и гневот се најизразени.

814
Луѓето се најсреќни на 70 години, бидејќи со возраста почнуваат да го игнорираат гневот и да бидат попозитивни, пишува „Дејли мејл“.
Најмалку среќни, пак, се луѓето на средна возраст, кај кои стресот и гневот се најизразени.
Научници од Медицинското училиште во Харвард правеа истражување кај луѓето во однос на промените во социјалните сигнали и како се намалуваат или засилуваат емоциите според возраста. Тие работеле со 10.000 Британци на возраст од 10 до 85 години и анализирале како учесниците реагираат на лутина, страв и среќа.

Резултатите од истражувањето генерално укажуваат на тоа дека луѓето во поодминати години ги гледаат социјалните ситуации попозитивно, бидејќи подобро ги игнорираат гневните луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...