Лук Пери преживеал рак на дебелото црево: Доколку порано отидев на лекар…

Актерот пред неколку години во интервјуто за „Фокс њуз“ се присетил како во 2015 година на рутински преглед дознал дека е болен.

3979

Славниот актер Лук Пери почина на 52-годишна. Легендарната ѕвезда на серијата „Беверли хилс“ почина по фаталниот мозочен удар.

Актерот пред неколку години во интервјуто за „Фокс њуз“ се присетил како во 2015 година на рутински преглед дознал дека е болен.

Пери пред четири години отишол на колоноскопија, што е преглед на кој најчесто ги праќаат лица постари од 55 години. Тогаш дознал дека има пред-туморски израстоци на дебелото црево.

Се согласил и на операција која тогаш му го спасила животот, а во јавноста подоцна нагласувал колку е голема важноста на превентивните прегледи.

– Во моментот во Америка живеат 23 милиони луѓе кои веќе требало да одат на колоноскопија, но сè уште не отишле. И кои би требало. Доколку јас подоцна отидев кај лекар, ќе се соочев со нешто полошо. А, ако порано посетев лекар, ќе поминев подобро – раскажал Пери.
Актерот по дијагнозата ги променил прехранбените навики, односно начинот на живот.

Но, за жал, Лук Пери неколку години подоцна умре од фатален мозочен удар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...