Луксузна јахта која добила неколку награди потона во Средоземното Море

375

Јахта долга 40 метри потона во Средоземното Море. Инцидентот се случил кога таа паднала од товарен брод, додека била превезувана од шпанскиот остров Мајорка до италијанскиот град Џенова.

Луксузното пловило со назив „My Song” е во сопственост на италијанскиот милијардер и моден магнат Пјерлуиџи Лоро Пјана. Според Форбс, тоа чини милијарда и пол долари.

Јахтата, инаку, добила неколку награди, меѓу кои и „Најдобра јахта” на Светските награди за суперјахти.

Нејзин е и рекордот за најголема брзина постигната на Трансатлантската регата минатата година.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...