Луксембург прва во Европа ќе го легализира купувањето марихуана

Предвидено е и малолетници на возраст од 12 до 17 години да не бидат криминализирани ако поседуваат пет или помалку грама канабис, додека за поседување на поголемо количество ќе бидат парично казнувани.

175

Луксембург ги повика своите соседи од Европска унија да ги олеснат законите поврзани со опојните дроги откако министерот за здравство Етиен Шнајдер ги потврди плановите дека сака да станат прва европска држава која ќе легализира производство и конузмирање канабис.

– Овие политики кои во моментот се спроведуваат и постојат веќе 50 години, очигледно не функционираат. Со забраната само ги привлековме младите луѓе тоа да го конзумираат. Се надевам дека сите ќе имаме поотворен став кон дрогите – посочи Шнајдер.

Предвидено е полнолетните жители на Луксембург да можат да купуваат канабис за рекреативни цели за две години. Државата ќе го регулира производството и дистрибуцијата на канабис. Кон крајот на годината ќе биде претставен нацрт закон со повеќе детали за типовите канабис кои ќе се продаваат и начинот на оданочување.

Според Шнајдер, најверојатно со закон ќе биде забрането странци да купуваат канабис во Луксембург со цел да се спречи нарко туризмот.

Предвидено е и малолетници на возраст од 12 до 17 години да не бидат криминализирани ако поседуваат пет или помалку грама канабис, додека за поседување на поголемо количество ќе бидат парично казнувани.

Во Луксембург веќе е легализирана употребата на канабис во медицински цели. Декриминализирано е и поседувањето на мали количини канабис во рекреативни цели, но купувањето, продажбата и производството за сега се нелегални.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...