Луковски на свое барање денеска повторно дал исказ за „Рекет“

616

Поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“, Жарко Луковски, утрово дал исказ во Обвинителството за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“, објави поратлот Нова ТВ.

Кога се отвори истрагата за „Рекет“ меѓу повиканите во Обвинителството бил и Луковски. Тој тогаш бил повикан како сведок. Како што појаснуваат од Обвинителството, овој исказ на Луковски е дополнување на претходниот негов исказ за истиот случај.

Ексдиректорот на „Т-Мобиле“ е осомничен во предметот „Базни станици“ на СЈО, за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на „Бетон“ АД Скопје, а на штета на акционерите на „Т-мобиле“.

Луковски е спомнат во еден од објавените разговори од италијанскиот весник „Ла Верита“ во разговорот меѓу Бојан Јовановски Боки 13 и Орце Камчев при пто Боки 13 му вели на Камчев дека Луковски завршил работа за неговиот случај во СЈО.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...