Во спортската сала на СОУ Ѓорче Петров во Прилеп се одржа првиот „Телеком“ мастерс турнир во пинг-понг за играчи до 15 години.
Во машка конкуренција Лука Стојчев од ППК Шампион ФА ја оправда фаворитската улога и заслужено на крајот го подигна победничкиот пехар. Во финалето противник на Лука Стојчев му беше Борис Секулов од Астраион, кој како 11. носител успеа да стигне до финалето.
Со бронзени медали се закитија Лука Серафимовски од ППК Винспин и Борјан Цветковски од ППК.Топспин плус.
Кај кадетките победи Сара С.Стојановска од ППК Крива Паланка пред Фани Јованоска од ППК Крушево. Третото место и бронзените медали ги освоија Васе Богоеска и Изабела Ковачовска.