Лука Модриќ ја освои „Златната топка“

239

Италијанскиот новинар Танкреди Палмери го објави во својот Твитер профил пласманот по освоени поени за „Златната топка“. Победник е хрватската ѕвезда Лука Модриќ, кој ја освои највредната индивидуална фудбалска награда со 753 поени.

Кристијано Роналдо, петкратниот добитник на наградата е втор со 476, а третото место е за светскиот првак Антоан Гризман, кој освои 414 поени. Во топ 10 се Килијан Мбапе, Лионел Меси, Мохамед Салах, Рафаел Варан, Еден Азар, Кевин де Бруин и Хари Кејн. Со ова се става крај на доминацијата на Роналдо и Меси, кои беа на врвот во последните десет години.

Малку потоа листата излезе и на страната на мадридскиот весник „АС“, каде исто така објавија дека Модриќ е носител на „Златната топка“ за 2018 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...