Лукашенко во врска со 43 години помлада мисица ФОТО

Васиљевич и Лукашенко често се појавувале заедно во јавноста и така беа видени на Светското фудбалско првенство лани во Русија, на уметнички фестивали

1059

Сомневањата на жителите на Белорусија дека претседателот Александар Лукашенско (65) и поранешната мис Марија Васиљевич (22) се љубовен пар се обистинија минатата сабота кога Лукашенко и неодамна избраната пратеничка се снимени во страсни прегратки на натпревар во хокеј во Минск.

И покрај тоа што нема никакво политичко искуство или кампања, Васиљевич се кандидираше на парламентарните избори на 17 ноември и стана најмладиот пратеник во историјата на Белорусија, пишува „Сан“. На изборите победиле политичарите лојални на Лукашенко. Бидејќи ниту еден опозициски политичар не доби мандат, опозициските лидери прогласија дека изборите се лажни.

Васиљевич и Лукашенко често се појавувале заедно во јавноста и така беа видени на Светското фудбалско првенство лани во Русија, на уметнички фестивали организирани од државата и на други настани. Претседателот и убавицата танцувале заедно на новогодишниот бал во белоруската престолнина Минск.

Лукашенко, наводно, лично ги надгледувал нејзините подготовки за натпреварот Мис на светот 2018 што се одржа во кинескиот град Сања. Васиљевич се пласирала меѓу првите пет на тој натпревар. Победила Мексиканката Ванеса Понсе. Исто така, Васиљевич е наградена со државен орден за „значаен“ придонес на културата и хуманитарните цели.

 From beauty queen to corridors of power.... Maria Vasilevich has been 'elected' as an MP

FOTO: Instagram/Printskrin

FOTO: Jutjub/Skrinsot

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...