Луд, Збунет и Нормален

729

Јавноста во своето политичко значење припаѓа на сферата (rei publicae). Важно е да се каже дека сите политички одлуки кои се од битно и суштинско значење во едно општество се носат во присуство и пред очите на народот. Јавноста е најголемиот критериум , а и критичар за сите општествени одлуки за функционирање на нашата држава. Зошто го велам ова, од едноставна причина, овој проблем коишто не измачуваше веќе близу триесетина години веројатно ќе остане во минатото.

Со доаѓањето на новата номенклатура на власт ,овој проблем нам кој сме посветени на Европа и европското семејство е веќе зад нас и со мислите и чувствата сме веќе близу во Бриселските дворови . Колку бил банален, фригиден, или наметнат, овој проблем нормалниот државен врв го сведе за само една година со содржаен и исцрплив пристап од сите агли, сеопфатливо решлив. Со секоја почит и респект кон јавното мислење ,кое секогаш ја има формата на субјективна слобода на поединецот да го изрази сопствениот суд за секој проблем. Меѓутоа според Хегел тој вид на слобода кој ви го гарантира демократијата завзема став на одбојност, бидејќи станува збор за нешто наметливо , страв од непознато и превртливо со многу стапици.

Нели како и во содржината на здравиот разум, така е и со содржината на здравото мислење, секогаш земаме се со резерва. За да не биде така, актуелната власт постапи многу мудро и сите стапици, сопки ни ги понуди на сите на сребрен послужувач и ни рече е сега повелете па судете. Јавноста на ова граѓанско општество е без исклучок во голема спрега со јавното мислње. Како што во парламентот се судираат различни мислења и ставови и има секаков вид на дебати и дискусии така ијавноста има право дали преку телевизии, весници, социјални мрежи, и секаков вид на комуникација, може и маалска или коперациска несмее да се искличи.

Во ова наше време никако несмее да се идеологизира јавноста и нејзините членови било да се луди, збунети или нормални, бидејќи специфично еволуирале во ова наше современо општество , се разбира во спрега со политичките случувања кои и те како еволуираа. Е сега, разликата помеѓу критиката и манипулацијата на јавното мислење е очигледна, барем за мене , а верувам и за поширокиот спектар на народов на коишто припаѓам. Со посредство на интердисциплинарните потфати во комбинација со методот на социјална психологија, статистика, па и математика, јавното мислење стана предмет на емпириско истражување издвоено од традиционалните кругови, со чисто политички проблем.

И секако на крај земено било да е лудо, збунето или нормално, јавното мислење многупати досега се покажало дека реагира различно во периодите на социјалниот и економски просперитет на државата, а со тоа и мирот кои доаѓа.

Во таа смисла јавното мислење е променлива величина која секогаш ќе биде перманентно испитувана, а кој ќе ја испитува и за кои цели ,прашања или најпросто кажано ,нејзиното височество власт, јака му душа, се надевам ќе останеме нормални .

Владимир Трајкоски ,односи со јавност во НСДП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...