Лудак убил најмалку 95 лица во село на Мали

Припадниците на народот Догoни често се судираат со Фуланите околу земјиште и вода. Во март беше еден од најсмртоносните напади, кога беа убиени околу 150 припадници на Фулани.

356

Најмалку 95 лица се убиени во едно село на Мали, кога вооружен напаѓач отворил оган кон локалното население, кон луѓето кои очајнички се обидувале да побегнат.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи соопшти дека нападот се случил во текот на ноќта, во селото Собане, каде живеат Догoни.

Локалните власти информираа дека се пронајдени телата на 95 лица, додека 19 се сметаат за исчезнати.

Припадниците на народот Догoни често се судираат со Фуланите околу земјиште и вода. Во март беше еден од најсмртоносните напади, кога беа убиени околу 150 припадници на Фулани.

Фото: Pixabay

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...