Лоши вести за ПСЖ, Мбапе со нова повреда

129

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел објави дека една од sвездите на тимот, Килијан Мбапе има нова повреда.

Францускиот репрезентативец пропушти околу еден месец поради повреда на грбот и се врати во игра кон крајот на септември.

– Килијан нема да биде дел од тимот некое време. Му треба време за опоравување. Ова е различна повреда и не е повторување на старата – објасни Тухел.

Оваа сезона Мбапе има два гола и две асистенции на шест натпревари на сите турнири. Денес, ПСЖ го пречекува Анже во натпревар од 9. коло од Лига 1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...