Лошите услови во македонските затвори во прилог на азилот на Груевски

Медиумите во регионот веќе на големо шпекулираат дека Груевски добил азил од Унгарија, иако оваа информација сѐ уште нема официјална потврда. Единствено што е потврдено денеска е дека одлуката за азил на Груевски е донесена од унгарските власти.

467

Македонија има лошо правосудство и очајни услови во затворите, одговори вчера на пратеничко прашање во унгарскиот парламент, шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гулаш.

Според него, за ситуацијата во македонското правосудство говорат и извештаите на Европската комисија и Советот на Европа кои, како што вели, редовно даваат лоши оценки.

Токму овие параметри се земаат предвид во постапката за добивање азил во Унгарија, вели Гулаш.

Тој додаде дека во процедурата за барање азил треба да се земе предвид ситуацијата во Македонија со судскиот систем и условите во затворите, како и дека не е сигурен дека Груевски добил фер судење при изрекувањето на двегодишната затворска казна.

Медиумите во регионот веќе на големо шпекулираат дека Груевски добил азил од Унгарија, иако оваа информација сѐ уште нема официјална потврда. Единствено што е потврдено денеска е дека одлуката за азил на Груевски е донесена од унгарските власти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...