Лоша вест за жените: Кој дел од телото најбрзо старее?

Друг голем непријател на кожата на вашите гради е сонцето кое значајно го забрзува стареењето на тој дел на телото и предизвикува кожата да ја изгуби еластичноста.

477

Многу жени веруваат дека првите значи на стареење се појавуваат на лицето и вратот, па посебно внимание посветуваат на спречувањето на брчките на тие делови на телото. Меѓутоа, научно е докажано дека ниту лицето ниту вратот не стареат најбрзо, туку – градите.

Истражувањето утврдило дека чувствителото и тенко ткиво на градите е најподложно на знаците на стареење.

Градите секојдневно се изложени на бројни фактори коишто можат да го поттикнат стареењето и да предивикаат „обесеност“ на градните. Пред сè, промените на големината на градите по губитокот и добивањето на килограми како и бременоста предизвикуват растегнување на кожата и ткивото што ја намалува еластичноста на кожата. Секојдневната нега на кожата на градите со хидртантни кремови (како што го негуваме и лицето) може да помогне во забавувањето на овој процес.

Друг голем непријател на кожата на вашите гради е сонцето кое значајно го забрзува стареењето на тој дел на телото и предизвикува кожата да ја изгуби еластичноста. На тоa му одат во прилог и модерните костими за капење со длабоко деколтиран горен дел кој кожата на градите ја изложуваат на штетните сончеви здраци. За да го спречите тоа, крем со заштитен фактор користете секој пат кога градите нема да ви бидат покриени (дури и кога нема сонце) или што повеќе носете маици кои целосно ги покриваат градите.

Затоа, дневната рутина на нега немојте да ја ограничите на лицето и вратот – проширете ја на градите и деколтето за да ја забавите појавата на првите знаци на стареење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...