Лоренцо Сера: Македонија не е проститутка, па ЕУ да сака да ја купи

1049

Tенденцијата е јасна – Македонија има многу добра можност да стане членка на ЕУ, но има домашна задача што треба да се направи, а тоа е имплементација на реформите, изјави денеска шпанскиот амбасадор во Македонија Емилио Лоренцо Сера.

Тој тврди оти голема лага е дека никој не ја сака Македонија во ЕУ, алудирајќи на дел од кампањата што се водеше пред референдумот.

– Многу од реформите што Европската унија ги бара од Македонија да ги имплементира, се за доброто на македонските граѓани. Целта е да се направи систем базиран на владеење на правото, што ќе го заштитат обичниот граѓанин од злоупотребите од претходните влади- рече Сера.

Тој вели дека од почитувањето на законот големо мнозинство граѓани ќе имаат бенефит, и тоа е она што го бараат ЕУ и НАТО од Македонија – да имплементира демократски систем базиран на владеење на правото.

– Овој памфлет што го видов во деновите пред референдумот, претставувајќи ја Европската унија како сака да ја купи Македонија како проститутка, е нешто најодвратно и нечесно што сум го видел во моите 66 години живот. Ова е ѓубре од таква категорија и како што кажав е одвратно- рече Сера.

Посочи дека ЕУ е најважен донатор во Македонија, и оти да се презентира тоа на начин како некој кој сака да купи проститутка, е комплетно апсурдно.

– Тоа е намерата на некој што сака да манипулира со луѓето кои не се разбираат во политика, и тоа на крајно неприфатлив начин. И овие луѓе кои стојат зад ова треба да се засрамат себеси и да не можат да се погледнат во огледало- рече Сера.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...