Лопетеги на „слатки“, кого да стави на голманска позиција

Секоја недела мораме да го решаваме тоа прашање. Ги имаме Тибо Куртоа и Кејлор Навас.

171

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, изјави дека е во дилеми околу голманското место со оглед на квалитетните чувари на мрежата со кои располага.

– Не постои магична формула по која може да се реши голманската позиција. Секоја недела мораме да го решаваме тоа прашање. Ги имаме Тибо Куртоа и Кејлор Навас. Треба да процениме кој е подобар во конкретниот момент. Имаме два големи голмани, а и останатите се добри. Но, се разбира, ова се двајца голмани на врвно ниво. Конкуренцијата ќе биде огромна, но за тимот е добро – вели Лопетеги.

Исто така во првиот тим на “Реал” се и голманите Кико Касиља, Лука Зидан и Андреј Лунин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...