Лондонски критичари кренаа прашина: Маша всушност е Путин

1241

Критичарите ја обвинуваат руската анимирана серија „ Маша и Медо“ дека се занимава со пропаганда на Кремаљ“ и дека е инструмент на „Мека моќ“ на Русија, пишува лондонски Тајмс.

– Маша има тврдоглав , непријатен карактер а притоа е одлична. Таа сѐ превзема на себе. Нема да преувеличиме ако кажеме дека се однесува како Путин – вели професорот Ентони Глис од Бекингемскиот универзитет.

Што се однесува за Медо, авторот потсети на ставот на предавачот на Талинскиот универзитет Пријит Хибемјаги, кој изјавил дека тој лик е задолжен „да го промени ликот на Русија во свеста на децата од негативен кон позитивен“. Во тоа Хибемјаги гледа закана за националната безбедност на Естонија, пренесува Новости.рс.

Бројот на следбеници на „Маша и Медо“ на англиски јазик на You Tube – каналот во овој момент е повеќе од четири милиони. Вкупниот број на прегледи на овој популарен цртан филм надминува четириесет милијарди.

– Коментарите на изјавите на западните критичари за политичка пропаганда во „Маша и Медо“ може да биде проследено само со иронија, вели Дмитриј Ловејко, шеф на студиото „Анимакорд“, кој го создава овој цртан филм.

– Многу тешко е ова да се коментира без голема иронија. Тајмс требаше да напише дека Маша се однесува черчиловски – вели тој.

– За жал за 10 години не добивме ни копејка државни пари. И никој не молевме за тоа, бидејќи ние сме чисто комерцијален проект – истакнал Ловејко.

Тој додава дека авторите на серијата немале на ум никакви политички паралели додека го сосздавале „Маша и Медо“.

– Навредливо е тоа што така угледен весник, наместо нас да не праша, наведува мислење, на пример, на летонски критичар – вели тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...