Локвенец потсети на пораката на Мичел за храбро лидерство

720

Пратеникот Хари Локвенец во своето говорење пред пратениците во Собранието каде што трет ден се дебатира за уставни измени според Договорот со Грција денеска потсети и на вчерашното писмо на помошник државниот секретар на САД Вес Мичел.

-Ова е историски важен момент за Вашата земја, момент што бара храбро лидерство и зрелост – потсети Локвенец на пораката од американскиот дипломат и истата им ја упати на неговите коеги од опозицијата повикувајќи ги да ги поддржат измените на Уставот кои предвидуваат и промена на уставното име на државата.

Пратеничката Јулијана Николова од ЛДП, говореше дека одговорноста сега е на пратениците кои сите заедно треба да застанат зад одлуката за НАТО и за ЕУ. Затоа, таа и повика пратениците од опозицијата да гласаат за потребата од уставни измени, иако претходно нагласи дека најгоем пробем за нив е партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ да не се поддржат уставни измени со цел промена на уставното име.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...